Фирма од Германија бара добавувач за делови. Нивниот набавувач пишува на интернет, отвора десет сајта, и избира три за понуда.
Дали ќе бидеш меѓу тие три зависи од тоа што ќе види за првите триесет секунди.
Што бара индустриски купувач
- Што точно правиш — со технички податоци, не со општи зборови
- Капацитет — колку месечно, за колку време по нарачка
- Сертификати — ISO, CE, што важи за твојата гранка
- Машини — со што работиш, тоа кажува што можеш
- Референци — кому си испорачал, ако смееш да кажеш
На англиски, не само на македонски
Ако извезуваш или сакаш да извезуваш, англиската верзија не е додаток — таа е главната. Македонската е за домашниот пазар.
Брзината е дел од впечатокот
Набавувач што отвора десет сајта нема трпение. Ако твојот се вчитува пет секунди, го затвора пред да види што нудиш.
Тоа не е прашање на дизајн — тоа е сервер. Слаб хостинг значи изгубен купувач пред да знаеш дека постоел.
Правиме сајтови за конкретни дејности — со тоа што вашите клиенти го бараат.
Изработка по мерка →