Разликата меѓу најевтиниот хостинг и добриот е неколку илјади денари годишно. Тоа звучи како штедење — додека не пресметаш што чини кога нешто не работи.
Што се случува кога сајтот падне
- Повиците престануваат — луѓето не се јавуваат на фирма чиј сајт не се отвора
- Google забележува — сајт што често паѓа полека се спушта во резултатите
- Мејлот често паѓа со него — ако е на истиот сервер
- Не знаеш кога се случило — освен ако некој не ти каже
Што всушност плаќаш
Не простор — простор е евтин. Плаќаш:
- Дискови што не се спори — NVMe наместо стари
- Резервни копии што работат — дневни, и што може да се вратат
- Некој што одговара — кога ќе се случи нешто в недела
- Сервер што не е преполн — евтините ставаат стотици сајтови на еден
Најскапиот момент
Сајтот паѓа секогаш кога е најлошо: во сезона, на Црн петок, кога имаш реклама што тече.
Тогаш разликата од неколку илјади денари годишно изгледа поинаку.
И една што се заборава
Селење на хостинг подоцна е работа од еден ден — ако имаш кој да ја направи. Ако сајтот е кај некој што не одговара, тоа може да трае недели.
NVMe хостинг со дневни копии и поддршка што одговара. Од 2.400 ден годишно.
Веб хостинг →